Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта вчера беше видно возбуден откако титулата во Ла Лига се врати во Каталонија. Тој ја прокоментира победата над Еспањол во 34. коло од шампионатот и официјалното обезбедување на титулата.
„Ја заслуживме оваа титула. Економски го спасивме клубот и ја вративме радоста на навивачите освојувајќи важни титули. Серхио Бускетс заминува како шампион во Ла Лига. Тој секогаш ќе биде во нашите срца, тој е важен дел од историјата на Барса. Не е лесно да се освои Ла Лига. Им честитам на сите: на играчите, на стручниот штаб и на навивачите. Чави одигра клучна улога, имаме одличен тренер“, рече Лапорта.
На прашањето за кое многу се пишува деновиве, околу враќањето на Меси на „Камп Ноу“, првиот човек на новиот шпански првак вели:
„Ќе направиме се што е во наша моќ за да го вратиме Лео Меси во Барселона“.