Никола Јокиќ остана без МВП титулата во НБА, откако ја освои две години по ред. Тој го одбележа ова со брилијантни игри во плеј-офот. Носејќи го Денвер со победите над Минесота и Феникс во финалето на Западната конференција со Лејкерс, тој направи чудесен подвиг.
На последните десет натпревари од плеј-офот дури пет пати оствари трипл-дабл и со тоа стана играч со највисок индекс на ефикасност во историјата на плеј-офот на најсилната лига. Ова го откри новинарот Харисон Винд, кој напиша дека PER (рејтинг за ефикасност на играчите) на Јокиќ моментално е 29,04, со што го надмина Мајкл Џордан.
Шесткратниот освојувач на НБА титулата ја заврши кариерата со 28,60. Леброн Џејмс е четврти на вечната листа со 27,97. Ентони Дејвис е петти со 26,73. Токму против овие двајца Јокиќ се бори за големото финале. Првиот натпревар од Западното финале помеѓу Нагетс и Лејкерс е во среда во 2:30 часот по наше време.
Nikola Jokic currently has the highest career playoff PER in NBA history. pic.twitter.com/RBcoECcpSJ
— Harrison Wind (@HarrisonWind) May 14, 2023