Анчелоти доби добри вести пред реваншот со Сити!

297

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти денеска дозна добра вест – Едуардо Камавинга не е повреден и ќе биде подготвен за гостувањето кај Манчестер Сити.

Французинот се повреди на натпреварот против Хетафе во саботата, но денешните прегледи потврдија дека добил само удар во коленото. Камавинга треба да тренира утре и да конкурира за стартната постава.

Тој, наводно, треба да игра во средниот ред, бидејќи Анчелоти планира да го има Давид Алаба како лев бек, бидејќи Едер Милитао се враќа во срцето на одбраната по одлежувањето на суспензијата.

Натпреварот е закажан за в среда од 21 часот.

ПретходноДебитира на Мастерс турнир, а го елиминираше Алкараз
СледноЕмотивни сцени од Ротердам: Тешко болни навивачи дојдоа на прославата на Феенорд!