Синоќа Барселона ја потврди титулата во Ла Лига со победа на гости кај градскиот ривал Еспањол, но прославата на гостинските играчи им беше прекратена и мораа да трчаат во соблекувалната, откако домашните навивачи го преплавија теренот во обид да се пресметаат со нив. Дел од домашните фанови дури и ги следеа гостите до тунелот за да се пресметаат, но таму застанаа, откако видоа дека и дел од фудбалерите на барса застанаа и воопшто не бега, па дури и беа подготвени да се соочат со нив.
Бускетс, Жорди Алба, Маркос Алонсо и Роналд Араухо застанаа зад својот капитен и не дозволија навивачите да влезат во тунелот, кој беше обезбедуван и од овластени обезбедувачи.
Шпанските медиуми пишуваат дека навивачите на Еспањол застанале кога виделе дека некои играчи на Барса веќе не бегаат и дека не се плашат од физичка пресметка, а на крајот токму тие се повлекле и потрчале назад кон теренот.
🎥 | Scenes inside the tunnel. Alba, Busquets and Araújo unhappy and angry with the behavior of disgusting Espanyol fans. #fcblive pic.twitter.com/OBS1S6PNA7
— BarçaTimes (@BarcaTimes) May 14, 2023