Гвардиола: Одигравме одличен меч против Евертон (ВИДЕО)

71

Тимот на Манчестер Сити е во пол позиција да ја освои титулата во Премиер лигата откако изминатиот викенд обезбеди триумф над Евертон на гости од 0:3, а директниот ривал тимот на Арсенал со идентичен резултат се избламира на негов терен против Брајтон.

Тоа го прави тимот на Сити речиси шампион доколку триумфира во следното коло.

„Помеѓу двата полуфинални натпревари во Лигата на шампионите имавме тежок натпревар против Евертон . Овој тим пред една недела постигна пет гола против Брајтон. Вреди да се напомене дека од првата минута ја презедовме контролата на играта и одигравме одличен натпревар. Противникот се бранеше длабоко во текот на целиот натпревар. Но, тоа не не спречи да ја контролираме играта и да го напаѓаме слободниот простор. Секоја победа ни дава сила за следниот натпревар. Им реков на играчите да се обидат да се опуштат и да го направат она што го правеа во последните неколку сезони“, рече Гвардиола.

 

ПретходноСто уапсени на прославата на титулата на Феенорд (ВИДЕО)
СледноНоваци и Ставревски сакаат втора лига