Аријан Адеми го постигна својот прв гол во шампионатот на Кина. Македонскиот репрезентативец неодамна направи трансфер во тимот на Беижинг Гуам, а не требаше да мине долго време пред да остави сериозен впечаток.
На дуелот со тимот на Далиан, Адеми постигна вистински евро гол, со волеј удар.
Ова е првенец за Адеми во новиот тим, кој очигледно уште од сега добива вистинска слика кого довел и каков удел ќе има Адеми во играта и резултатите на тимот на Беижинг.