Де Зерби потврди дека Мек Алистер најверојатно ќе замине во Ливерпул

194

Менаџерот на Брајтон, Роберто де Зерби по вчерашниот триумф на гости кај Арсенал со кој им ја запечатија судбината на „топчиите“ во трката за титулата, изјави дека го очекува напорно лето.

Екипата на Брајтон оваа сезона се претстави на извонредно ниво, поради што неколку големи клубови сега сакаат да купат уште дел од нивните најголеми ѕвезди. Самиот Де Зерби отворено призна дека клубот најверојатно нема да успее да ги задржи Мојсес Каиседо и Алексис Мек Алистер, за кои со денови се шпекулира дека заминуваат во други клубови.

„Ќе загубиме некои играчи. Можеби Каиседо, а можеби и Мек Алистер. Треба да донесеме уште некои добри играчи. Митома и Еступинан ќе останат со нас. Не знам дали се подготвени да играат за некои поголеми тимови“, изјави Де Зерби.

За Мек Алистер веќе се зборува дека се договорил со Ливерпул, додека за Каиседо се заинтересирани повеќе премиерлигашки состави.

ПретходноБускетс, Алба, Алонсо и Араухо во тунелот чекаа да се пресметаат со хулиганите на Еспањол (ВИДЕО)
СледноНеверојатна сцена во Ла Лига: Судијата свирна крај во моментите кога домашните дадоа гол (ВИДЕО)