Димитриевски и Рајо поразени во Севиља

83

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски одигра цел меч за Рајо Ваљекано во поразот на гостувањето кај Бетис во Ла Лига со 3:1. По првото полувреме тимот од Севиља поведе со головите на Сабали и Перез.
Посебно беше убав голот на Сабали кој распали од далечина и ја смести топката под пречката на немоќниот Димитриевски.
Во 52. минута Комесана го намали водството на домашните, а во шестата минута од судиското продолжение Борха Инглесиас ги постави конечните 3:1.
Бетис ја мерка Европа и е на 6. место на табелата, а Рајо е на 11-тото.

ГОЛОТ НА САБАЛИ НА ОВОЈ ЛИНК

ПретходноНеочекуван херој на Ливерпул го приближи Лестер до Чемпионшип
СледноЦСКА и Рајковиќ „бронзени“ во ВТБ лигата