Ракометарите на ППД Загреб по 31. пат ја освоија шампионската титула во Хрватска. Тие синоќа во Нашице го совладаа домашниот Нексе со 28-27 (17-15) и со тоа стигнаа до победничкиот шести бод во финалната серија.
Екс-вардареците Иван Чупиќ и Тимур Дибиров и овој пат беа носители на играта на загрепчани. Чупиќ заврши со седум гола како најефикасен кај шампионот, каде Звонимир Срна постигна пет гола, а Дибиров додаде четири.
Интересно е што досега во хрватскиот ракометен шампионат ниту една друга екипа освен Загреб го нема освоено шампионскиот пехар. Во 31 првенство, Загреб освои исто толку шампионски наслови.