Заслужен за титулата на Барселона иако одигра само осум минути цела сезона

1065

Во автобуси со отворен кров фудбалерите и фудбалерските на Барселона ја слават титулата шампиони на Шпанија низ улиците на Барселона. Машкиот и женскиот тим на Барселона се шампиони на Шпанија со тоа што првите ја вратија титулата по четири години пауза, додека фудбалерките ја потврдија доминацијата во домашното првенство.
Изненадувачки заслуги за освоената титула одат и на адреса на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг. Габонецот се најде на маичката со презимињата на шампионите кои ја освоија Ла Лига за сезоната 2022/23.
Тој оваа сезона запиша само еден настап за Барселона, а тоа беше во август кога одигра осум минути против Рајо Ваљекано. После тоа следуваше трансфер вреден 12 милиони евра во Челзи каде што не се прослави (одигра 120 минути), па летоска пак ќе ја менува средината.

ПретходноСопка за Партизан – Студентски центар направи „брејк“ во Белград
СледноШкендија го засилува дефанзивниот ред – доаѓа репрезентативец на Македонија