Она што сезонава најдобриот македонски тенисер го игра на терените ширум светот, не може да остане незапазено, па Калин Ивановски по титулата во двојки и финалето во сингл на турнирот во Србија, се искачи на АТП листата за цели 46 места.
Поточно, од 413 место на кое што се наоѓаше минатата недела, сега е 46 место подобро пласиран.
Формата на Калин Ивановски пролетва е во сериозно нагорна линија па секако дека до крајот на сезоната слободно може да очекуваме и негов рекорден пласман на светската ранг листа.