Кошаркарите на Феникс 2010 се освојувачи на М12 лигата во машка конкуренција.
На турнирот во Скопје, во полуфиналето, беа подобри од своите врсници од Куманово (47:32), а во финалето излегоа како победници и против екипата на Струмица, ја совладаа со убедливи (35:22) и сосема заслужено ги добија златните одличја на овој прв завршен турнир за натпреварувачката сезона 2022/2023.
Претходно, во натпреварот за третото место, екипите на Борец Баскет и на Куманово се бореа до последниот момент за бронзените медали. На крајот, за два поени подобри беа велешани (25:23).
Васил Лескаровски, од екипата на Феникс 2010 го доби признанието за најкорисен играч на турнирот.
ФИНАЛЕ
ФЕНИКС 2010 – СТРУМИЦА 35:22
(9-4; 5-6; 13-6; 8-7)
ФЕНИКС 2010: Лескаровски 5, Трипуновски 2, Филипче 9, Јовановски, Ничевски 8, Ѓорѓиевски 2, Василов 4, Гоцевски, Милосављев, Попов 2, Поповски, Јарчевски, Миковски 3,
СТРУМИЦА: Гоцевски , Крстевски 2, Стојковски 2, Изов 4, Димитриев, Иванов 2, Барбутов, Ристовски, Божинов 4, Лазаров 7, Златевски, Атанасов 1;