Неверојатна сцена во Ла Лига: Судијата свирна крај во моментите кога домашните дадоа гол (ВИДЕО)

4869

На натпреварот меѓу Ваљадолид и Севиља во Ла Лига вчера беше видена сосема неверојатна ситуација откако домашните фудбалери постигнаа гол во последните секунди од првото полувреме, но додека топката се движеше кон голот на гостите, судијата свирна крај.

Се се случи во 50. минута од првото полувреме, кога судијата Ортиз Аријаз, 60 секунди по истекот на судиското надополнување ја крена раката за да отсвири крај, во истиот момент кога домашниот фудбалерод одбиена топка биеше од околу 30 метри и успеа да ја погоди мрежата на гостите.

Очекувано имаше големи протести од домашните играчи, но судијата уште пред ударот крена рака и означи крај на првото полувреме, а и експертите во подоцнежните анализи укажаа дека неговата одлука да не го признае голот била сосема исправна, затоа што крајот е досуден пред да биде упатена топката кон голот на Севиља.

Да биде уште полошо за домашните, тие примија три гола во вториот дел и на крајот доживеаја тежок пораз од Севиља.

ПретходноДе Зерби потврди дека Мек Алистер најверојатно ќе замине во Ливерпул
СледноЕкс-вардарците Чупиќ и Дибиров му донесоа нова титула на ППД Загреб