Екипата на Лестер доживеа убедлив пораз на домашен терен со 0:3 од Ливерпул и се наоѓа на претпоследната позиција пред последните два меча од Премиер лигата. Тоа значи дека на поранешниот англиски шампион му се заканува испаѓање во понизок ранг. Може да се спаси со две победи во последните две кола против Њукасл во гости и Вест Хем на домашен терен, се разбира, притоа да чека и лоши резултатите на конкурентите Лидс, Евертон, Нотингем Форест и Вест Хем.
Неочекуван стрелец на два гола за „Црвените“. Двоен асистент Мохамед Салах, а двоен стрелец играчот за врска Кертис Џонс.
Во 71 минута победата ја заокружи Александер-Арнолд со убав гол од слободен удар (ОВДЕ).
Ливерпул е на петтата позиција со 65 бода од 36 меча, само поен помалку од Њукасл и Манчестер Јунајтед на третата односно четвртата позиција кои имаат и натпревари помалку.
ПРВИОТ ГОЛ НА ЏОНС НА ОВОЈ ЛИНК
ВТОРИОТ ГОЛ НА ЏОНС НА ОВОЈ ЛИНК