Рекордна ноќ на Тејтум, Бостон е во источното финале (ВИДЕО)

275

Кошаркарите на Бостон синоќа се пласираа во финалето на плеј-офот на Источната конференција во НБА лигата, откако во седмиот решавачки натпревар од полуфиналето ја совладаа Филаделфија со 112:88.

Џејсон Тејтум имаше неверојатна вечер и ги предводеше Селтикси со 51 поен, 13 скока, пет асистенции и две украдени топки. Тој е единствениот играч во историјата на лигата кој постигнал повеќе од 50 поени во седмиот плеј-оф натпревар.

Во победата свој придонес имаа и Џејлен Браун со 25 поени и шест скока, а Малколм Брогдон постигна 12 поени. Во тимот на Филаделфија најефикасен беше Тобијас Харис со 19 поени и пет скока, Тајрис Макси додаде 17 поени, а носителот на признанието МВП на сезоната, Жоел Ембид натпреварот го заврши со 15 поени и осум скока.

Бостон во финалето на Источната конференција ќе игра против Мајами кој го елиминира Њујорк со 4:2. Во финалето на Западот ќе играат Денвер и ЛА Лејкерс.

ПретходноАтина “гори“: Еве како се славеше титулата на АЕК! (ВИДЕО)
СледноКлуб 100: Динамо со специјален дрес за нашиот капитен (ФОТО)