Секунди ја делеа Сампдорија од победа над Емполи (видео)

129

Сампдорија испадна од Серија А, меѓутоа има да доигра уште неколку натпревари пред да се пресели во понизок ранг. Вечерва на домашен терен „морнарите“ играа со Емполи и пак не успеаја да победат.

Имаа водство, па во 93 минута примија гол и останаа без трите бода. Со тоа остануваат на две победи од почетокот на годината.
Голот за Сампдорија го постигна Aлесандро Заноли во 34 минута, а за гостите Пиколи во последните моменти.

Сампдорија е на 20 место, Емполи на 14-тото.
До крајот Сампдорија ќе игра уште со Милан, Сасуоло и Наполи. Емполи ќе се соочи со Јувентус, Верона и Лацио.

ПретходноТен Хаг полека прави „чистка“ за следната сезона!
СледноНеочекуван херој на Ливерпул го приближи Лестер до Чемпионшип