Тен Хаг полека прави „чистка“ за следната сезона!

357

Ерик Тен Хег донесе одлука и се работи за двајца дефанзивци.

Аксел Туанзебе и Фил Џонс од следната сезона нема да бидат дел од Манчестер Јунајтед, ќе бараат нови тимови каде би можеле да добијат соодветна шанса.

Туанзебе главно беше позајмен, моментално е во Стоук, во три наврати беше во Астон Вила, додека, интересно, го носеше и дресот на Наполи каде одигра само два натпревари.

Неговиот договор со Манчестер Јунајтед е пред истекување и нема да биде продолжен.

Фил Џонс има и договор до јуни 2023 година, но и опција за продолжување на уште една година. Сепак, она што сите го очекувавме, таа опција нема да се реализира.

Џонс не конкурираше кај Тен Хаг, дури и кога повеќето стопери беа суспендирани или повредени, холандскиот стручњак претпочиташе да се одлучи за некои други играчи.

Тоа не е се, завршуваат и договорите на Етан Галбрајт и Чарли Веленс.

ПретходноШкендија го засилува дефанзивниот ред – доаѓа репрезентативец на Македонија
СледноСекунди ја делеа Сампдорија од победа над Емполи (видео)