Тиквеш и кажа збогум на сезоната со заедничко кафе

1496

Екипата на Тиквеш беше едно од пријатните изненадувања во штотуку заршебата ПМФЛ сезона. Кавадарчани планираа осптанок, а на крајот многу лесно можеа да се вмешаат дури и во борбата за Европа.

Но, во таборот на Тиквеш потенцираат дека и со ова се презадоволни со назнака дека ќе се продолжи во ист стил и на есен.

Тренерот Ѓорѓи Мојсов се нафати да го води тимот по заминувањето на Влатко Костов. Се покажа тоа како вистински потег на кавадарчани затоа што под водство на Мојсов, Тиквеш резултатски и играчки се рехабилитираше и одигра и повеќе од солидно.

Токму затоа, на денешното „фајронт кафе“ за тимот по вчерашното официјално завршување на сезоната во Кавадарци си ветија дека следната сезона ќе продолжат онаму каде што застанаа.

 

ПретходноГолчиште на Адеми во Кина (ВИДЕО)
СледноДебитира на Мастерс турнир, а го елиминираше Алкараз