Новиот Американец со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс го предводеше својот тим Бон до титулата и во Лигата на шампиони. Македонскиот репрезентативец беше број еден играч на теренот на финалниот викенд, а на крајот сосема заслужено го понесе МВП признанието.
Шортс по судискиот свиреж го надвасаа емоции, не можеше да ги сопре солзите. Македонскиот репрезентативец веднаш истрча на трибините каде што беше и неговата мајка.
„Пред натпреварот, во вас има виор од емоции, знам дека моите родители веројатно беа под стрес поради мене. Знам дека татко ми не можеше да јаде, мајка ми веројатно се лути… по мечот отидов кај мојата мајка и реков: „Среќен ден на мајката!“. Таа ми рече дека тоа е најдобриот подарок што го добила, само што ме виде среќен“, рече тој на прес-конференцијата по натпреварот, по добивањето на признанијата за МВП на фајналфорот.
🥹 I’m not crying, you’re crying 🥹#BasketballCL #FinalFour pic.twitter.com/KdWnTBa9uu
— Basketball Champions League (@BasketballCL) May 14, 2023