Брегалница со стил ја заврши сезоната, со победа над Скопје на негов терен, на Автокоманда каде секогаш тешко се освојуваат бодови. Штипските “сини“ одиграа како што треба, како што е неопходно за да се победи составот на “пиратите“. Уште еднаш се покажа дека Горан Здравков знае од својот тим да го извлече максимумот и затоа тој е тренер на колото. Секако во конкуренција беше и Шпетим Дуро, стратегот на Струга ТЛ, но сепак “Спортмедиа“ се одлучи за Чаламот.