Манчестер Сити убедливо со 3:0 го совлада Евертон на гости во 36. коло од Премиер- лигата и со тоа дојде на чекор до третата последователна титула во англискиот шампионат.
Халанд повторно постигна гол, а тоа беше негов 36-ти првенствен сезонава. Норвешкиот напаѓач објави фотографија од својот ручек на својот Инстаграм. Обожавателите беа згрозени од сликата и повеќето од нив не можеа да препознаат за што се работи. Англиските медиуми пишуваат дека станува збор за парчиња говедски црн дроб. „Ова е проклето добро“, напиша Халанд.
Но, неговите фанови ни оддалеку не беа пресреќни. „Ова изгледа како измет“, напиша еден навивач. Некои ја искористија оваа објава и се потсетија на неодамнешната објава на ѕвездата на Баерн дека Норвежанецот прди во текот на целиот натпревар.