Шкендија го засилува дефанзивниот ред – доаѓа репрезентативец на Македонија

6534

Шкендија почна да ги засилува своите редови за претстојните европски натпревари како и за идната сезона. Во моменти кога целиот тим е на одмор, раководството на „црвено-црните“ постигнале договор со дефанзивецот на Тирана, Кристијан Тошевски, пишува „Еуфорија“.
29-годишниот Тошевски кој е од Тетово и игра на неколку позиции во одбраната ќе му се приклучи на поранешниот македонски шампион по завршување на сезоната во Албанија. Тогаш договорот на Тошевски ќе истече и тој како слободен играч ќе им се приклучи на „црвено-црните“ од Тетово. Toj ќе биде големо засилување за тимот и пополнување на дупката која ќе се појави доколку замине Бејтулаи. Постојат големи шанси тој да ја смени средината во текот на летото.

Тошевски во Македонија играше за Тетекс, Пелистер и Вардар . Тој има и девет натпревари за репрезентацијата на Македонија.

ПретходноЗаслужен за титулата на Барселона иако одигра само осум минути цела сезона
СледноТен Хаг полека прави „чистка“ за следната сезона!