Грималдо од Бенфика и официјално во Баер Леверкузен

225

Досегашниот лев бек на тимот на Бенфика, Алехандро Грималдо е нов член на тимот на Баер Леверкузен. Тој како слободен играчи го напушта Лисабон и се приклучува на Бундеслигашот до 2027 година до кога што е важечки тукушто потпишаниот договор.

„Сигурен сум дека ова е едно ново, фантастично поглавје од мојата кариера. Пресреќен сум“ – изјави Грималдо на промоцијата.

Тој е дете на Барселона, за чиј што тор тим одигра неколку сезони пред да пристигне во Бенфика за која одигра скоро двеста мечеви. Своевремено имаше статус на младински репрезентативец на Шпанија.

 

ПретходноНоваци и Ставревски сакаат втора лига
СледноКалин „скокна“ на АТП листата за 46 места