Маурисио Покетино оваа недела ќе го потпише договорот со Челзи и официјално ќе почне да го подготвува тимот за следната сезона. Според информација на „TalkSport“, договорот за кој веќе двете страни си подале рака е во времетраење од три години.
Иако официјално нема да ја преземе менаџерската функција до крајот на сезоната, Покетино веднаш ќе почне да работи на неговата реконструкција.
Аргентинецот како негови главни приоритети ги ставил потпишувањето на нов центарфор и нов голман.