ПСЖ му го понудил Нејмар на Манчестер Сити во замена за Бернардо Силва

216

По Лео Меси, ПСЖ ова лето се чини може да остане и без уште една од трите најголеми ѕвезди во тимот. Како што пренесуваат дел од француските извори, ПСЖ е пред разделба и со бразилскиот напаѓач Нејмар.

Според изворот, ПСЖ сака да се ослободи од бразилската ѕвезда., а раководството на парижани на чело со фудбалскиот советник Луис Кампос разгледува различни опции за потенцијалното заминување на Нејмар.

ПСЖ е подготвен дури и да го позајми Нејмар и со и без право на откуп, а ја разгледува и опцијата да продолжи да му ја исплаќа платата, доколку замине во друг клуб на позајмица. Не е исклучена и опцијата за раскинување на договорот.

Кампос сака да му го понуди Нејмар на Манчестер Сити во замена за Бернардо Силва за да не плати за Португалецот. Засега од Сити се немаат изјаснето за ова апонуда за трампа.

ПретходноЛуда прослава на титулата: Лапорта втрча во соблекувалната, го дочекаа со шишиња вода (ВИДЕО)
СледноПрвиот техничар на репрезентацијата најави пензионирање: Деспотовски се повлекува по Европското првенство