Екипата на Тиквеш беше едно од пријатните изненадувања во штотуку заршебата ПМФЛ сезона. Кавадарчани планираа осптанок, а на крајот многу лесно можеа да се вмешаат дури и во борбата за Европа.
Но, во таборот на Тиквеш потенцираат дека и со ова се презадоволни со назнака дека ќе се продолжи во ист стил и на есен.
Тренерот Ѓорѓи Мојсов се нафати да го води тимот по заминувањето на Влатко Костов. Се покажа тоа како вистински потег на кавадарчани затоа што под водство на Мојсов, Тиквеш резултатски и играчки се рехабилитираше и одигра и повеќе од солидно.
Токму затоа, на денешното „фајронт кафе“ за тимот по вчерашното официјално завршување на сезоната во Кавадарци си ветија дека следната сезона ќе продолжат онаму каде што застанаа.