ТИМ И ИГРАЧ НА 33.КОЛО: Ова е вистинскиот Радески

715

Да, ова е вистинското издание на Марјан Радески во дресот на Струга ТЛ, и токму протов својот некогашен клуб, Шкупи. И не само поради прекрасниот гол кој што го постигна за 1:1, туку и поради акциите, додавањата, ангажманот, тој е најзаслужниот што новиот шампион вчера во супер – дербито од 0:1 дојде до 2:1 и победа за крај.

Ваков Радески и тоа како е неопходен за Струга ТЛ во европските настапи.
Од Струга ТЛ во идеалниот тим на последното 33.коло се и Ќосевски, Радиќ, Шабани и Ибраими. Брегалница победа кај Скопје а најзаслужни беа Мојсов, Андонов и Ѓорѓиев. Тука се и Миловановиќ (Тиквеш), Бејтулаи и Дориев (Шкендија).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

МАРЈАН РАДЕСКИ

Тим: Струга Трим Лум

Роден: 10.02.1995 во Прилеп

Кариера: 11 Октомври, Металург, Шкендија, А. Пандев, Шкупи, Пјуник, Струга ТЛ

ПретходноХаланд објави фотографија од ручек, навивачите шокирани: „Јаде измет“!
СледноМЛАДИНСКИ ЛИГИ-М12-МАЖИ: Феникс 2010 ја освои шампионската титула!