ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Здравков (Брегалница)

289

Брегалница со стил ја заврши сезоната, со победа над Скопје на негов терен, на Автокоманда каде секогаш тешко се освојуваат бодови. Штипските “сини“ одиграа како што треба, како што е неопходно за да се победи составот на “пиратите“. Уште еднаш се покажа дека Горан Здравков знае од својот тим да го извлече максимумот и затоа тој е тренер на колото. Секако во конкуренција беше и Шпетим Дуро, стратегот на Струга ТЛ, но сепак “Спортмедиа“ се одлучи за Чаламот.

ПретходноНикола Јокиќ го прескокна Мајкл Џордан!
СледноТи-Џеј Шортс расплакан истрча кај неговата мајка (ВИДЕО)