Чуварот на мрежата Бојан Блажески го продолжи договорот со Бутел Скопје за уште две сезони. Тој долго време е дел од овој клуб, а од сезона во сезона, неговите одбрани се наметна како една од главните алки на бутелци.
„Од самото постоење на клубот го носам дресот на Бутел. Оваа година ми беше доверена позначајна улога во екипата за разлика од претходните години и мислам дека ја оправдав. Меѓутоа одиме понатаму желен сум за подобар успех, подобра сезона од оваа и на индивидуално и клупско ниво“, изјави Блажески по потпишувањето на новиот договор.