Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ со својот УНИКС од Казањ ја освои шампионската титула во ВТБ лигата. Уникс вечерва славеше со 98:89 над Локомотив Кубањ и со тоа запиша севкупна победа од 4:1 во серијата.
Вечерва главна ѕвезда кај УНИКС беше токму Димитријевиќ кој го заврши мечот со фантастични 34 поени.
Ова е прва шампионска титула за клубот од Казањ кој е предводен од тренерот Велимир Перасовиќ, а во витрините имаат три руски купа и еден еврокуп.