Тренерот на Лејкерси со план за Јокиќ: Фатете го кога ќе излезе од дома и киднапирајте го!

2240

Денвер и ЛА Лејкерс вечерва ја започнуваат битката за претставникот на Западот во големото финале на НБА, а ден подоцна Бостон Селтикс и Мајами Хит ја започнуваат серијата од финалето на Истокот.

Добро е познато дека најголема мака на Лејкерси ќе биде Никола Јокиќ кој двапати беше избран за МВП. Во 11 натпревари од овогодинешниот плеј-оф, во кои Денвер ги елиминираше Минесота (4:1) и Феникс (4:2), тој постигнува 30,7 поени, 12,8 скока и 9,7 асистенции со фантастична ефикасност од 55% шут од поле и 48% за тројки. Од тие 11 натпревари, пет заврши со трипл-дабл, а еднаш против Феникс постигна дури 53 поени, што е негов рекорд во НБА кариерата, не само во плеј-офот.

Токму затоа, ден пред првиот натпревар од финалето на Западната конференција, тренерот на Лејкерс, Дарвин Хем, беше запрашан како ќе го запре српскиот центар. Неговиот метод изгледа многу ефикасен, иако многумина ќе речат дека не е баш во согласност со законот.

„Фатете го кога ќе излезе од дома и киднапирајте го“, рече Хем и им се насмеа на новинарите собрани на тренингот пред со посериозен тон да го објасни планот против Џокерот.

„Сите знаеме колку е голем. Ќе мораме да го браниме на различни начини, имаме двајца момци кои ќе видат многу акции против него и мораме да направиме се што можеме за да го одржиме надвор од рамнотежа. Среќен сум што имаме разновиден ростер и ќе одиме натпревар по натпревар. Имаме солиден план, ќе видиме што ќе ни донесе на првиот натпревар и ќе одиме оттаму“.

ПретходноБарселона го заврши трансферот што го побара Чави!
СледноПандев: Овој Интер е силен, но многу поразличен од 2010 година!