Ѓоковиќ: Во последните 15 години Надал го гледам повеќе од мајка ми!

230

Новак Ѓоковиќ е во Италија каде во Рим во осминафиналето ќе се соочи со Камерон Нори. Иако Роџер Федерер се пензионираше, а Рафаел Надал го нема на турнирот, ова натпреварување не можеше да помине без прашања за нив.

Новак за италијанските медиуми зборуваше за односот со двата најголеми ривали, а иако истакна дека ги почитува, истакна дека никогаш не бил пријател со нив.

„Никогаш не бевме пријатели, тоа не е можно меѓу ривалите, но никогаш не бевме ниту непријатели. Отсекогаш го почитував Федерер, тој е еден од најголемите на сите времиња, имаше неверојатно влијание, но никогаш не бевме блиски“, рече Ѓоковиќ. 

Тој откри дека на почетокот на кариерата неколку пати излегувал на вечера со Рафаел Надал, но дека едноставно не можеле да бидат пријатели.

“Рафа е само една година постар од мене, двајцата сме близнаци во хороскопот, а на почетокот дури двапати излеговме на вечера. Но и со него пријателството е невозможно. Отсекогаш сум го почитувал и многу му се восхитував. Благодарение на Федерер и него станав тоа што сум. Тоа ќе не обедини засекогаш, и затоа чувствувам благодарност кон нив. Надал се уште е дел од мојот живот, во последните 15 години го гледам повеќе од мајка ми“, заврши Ѓоковиќ.

ПретходноОбрадовиќ по шокантниот пораз: Тоа што ни се случи е невозможно!
СледноСтрахиња Симиќ уште три сезони во Тиквеш 2014