Адеми: Среќен сум за бодовите – тоа секогаш е најважно!

202

Аријан Адеми постигна фантастичен гол во 23. минута во дресот на Пекинг Гуоан и му донесе победа од 1-0 против Нантонг во рамките на седмото коло од новата сезона во кинеската Суперлига.

Македонскиот репрезентативец како и секогаш, така и сега беше скромен. За него најважни се бодовите и победите, а не индивидуалниот учинок.

„Најсреќен сум што освоивме три бода, тоа секогаш е најважно. Верувам дека играме добро и оваа победа нека биде наш победнички старт на една подолга серија. Се соочувме со релативно голем притисок, сега овој триумф може да го намали тој притисок, а најважното е што на навивачите им донесовме радост и уживање“, изјави Адеми. 

ПретходноЈезиво, навивачите на Барса за време на прославата скандираа: Винисиус, умри (ВИДЕО)
СледноБлажески не мрда од Бутел Скопје!