Во морето пишување за враќањето на магионичарот од Аргентина, Барселона го комплетираше трансферот на искусниот стопер од Атлетик Билбао, Иниго Мартинез.
Овој фудбалер ги помина лекарските прегледи, а по истекот на договорот со клубот на крајот на сезоната, тој ќе премине во Барселона.
Фабрицио Романо потврди дека овој трансфер е веќе завршен и дека ќе биде потпишан двегодишен договор, а трансферот го побарал Чави.
Овој фудбалер во својата кариера настапуваше за Реал Сосиедад Б, Реал Сосиедад и Атлетик Билбао каде настапува од 2018 година.
Тој во Атлетик Билбао пристигна од Реал Сосиедад за 32 милиони евра, а во дресот на шпанската репрезентација забележа 20 настапи и постигна еден гол.
Оваа сезона одигра 18 натпревари за Атлетик и постигна еден гол.
Со заминувањето на Жерар Пике и разните повреди, Чави имаше многу проблеми да ја формира бековската линија.
Токму ова е причината за потписот на Мартинез, иако тоа може да значи и продажба на играчи како Ерик Гарсија, за да се среди финансиите и да се добие намалувањето на платата потребно за пријавување на други играчи.