Биелса и официјално е нов селектор на Уругвај

62

Она што се најавуваше неколку месеци наназад, денеска добива и официјализација. Марсело Биелска е нов селектор на фудбалската репрезентација на Уругвај. Тој потпиша договор и се обврза на соработка до 2026 година.

Биелска ќе дебитира на своето ново работно место во јуни кога Уругвај има закажано пријателски средби со репрезентациите на Никарагва и Куба.

Тој има водено многу клубови во Аргентина, како и екипите на Еспањол, Атлетик Билбао, Олимпик Марсеј, Лил, Лидс…. беше селектор на Аргнетина од 1998 до 2002, и на Чиле од 2007 до 2011.

 

ПретходноДавидовски со два пласмани во бодови до петто место на табелата во ТЦР Европа
СледноТоти: Можам да го убедам Мурињо да остане во Рома