Борнмут го купи Траоре за 30 милиони евра

577

Англиски Борнмут објави дека потпишале постојан договор со офанзивниот играч за врска Хамед Траоре. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска до сега играше за Борнмут како позајмен, а сега клубот го откупи договорот од Сасуоло за 30 милиони евра.

Клубот соопшти дека 23-годишниот играч потпишал до летото 2028 година.

Борнмут го има осигурано опстанокот во Премиер лигата, а Хамед сезонава одигра 18 натпревари и имаше три асистенции. Извесен период не играше поради повреда.

ПретходноДимитријевиќ е МВП на плеј-офот во ВТБ лигата
СледноЗа прв пат распродадени билетите за женското финале во ЛШ