Димитријевиќ: Ова беше прекрасна сезона за мене и моето семејство!

478

Ненад Димитријевиќ постави личен рекорд во својата прва сезона во ова силно натпреварување. За 34 минути во игра, постигна исто толку поени, и повеќе од доволно, репрезентативниот бек на Македонија да биде прогласен за најкорисен кошаркар во плеј-офот на „обединетата“лига.

„Јас им благодарам на сите за вербата во мене, од тренерите, клубот, соиграчите. Ова беше прекрасна сезона за мене и моето семејство во Казан. Без нив немаше да бидам ни МВП. Овој петти меч, не можеше да не го добиеме после ваква атмосфера. Локомотив добро се бореше, имаат одличен тим, ни направија многу проблеми, се бореа до крај во секој од петте меча. Но, ние сме за нијанса подобри и заслужено сме шампиони“, рече Димитриjевиќ откако го доби најголемото индивидуално признание во својата досегашна кариера.

Македонскиот кошаркар одигра 47. натпревари, кои ги затвори со просечни 12.1 поени и 5.5 асистенции.

Претходно„Нероаѕурите“ по 13 години во финалето на ЛШ!
СледноПиоли: Интер заслужено оди во финалето