ЖФК Љуботен го освои Купот на Македонија во женска конкуренција (ФОТО)

429

ЖФК Љуботен е годинешен освојувач на Купот на Македонија во женска конкуренција. Попладнево во финалниот меч одигран на стадионот во Ѓорче Петров, тетовки со убедливи 4:0 ја совладаа екипата на ЖФК Каменица Саса.

За Љуботен ова е прв куп-трофеј, откако минатата година ја освоија и првата шампионска титула.

Головите за Љуботен ги постигнаа Делгадо (18’), Гоја (20’), Силва (51’) и Петкова (82’).

Љуботен сезонава се бори и за освојување на двојната круна, затоа што се наоѓа на првото место во шампионатот со бод предност пред конкурентите.

ПретходноШампионот остана без директори: И Жорди Кројф си заминува од Барселона
СледноШест ѕвезди влегоа во трка за наградата „Играч на сезоната“ во Премиер лигата