Италијанците децидни: Несторовски заминува од Удинезе ова лето

386

Според пишувањето на неколку италијански медиуми, по поразот од 2-0 на „Артемио Франки“ од Фиорентина, Удинезе почна сериозно да размислува за летниот трансфер пазар. Со оглед на мирната ситуација на табелата, „Фриулијаните“ и математички се сигурни за следната сезона, веќе размислуваат за новиот состав со кој ќе се обидат идната година да нападнат на местата кои водат во Европа.

Според извори од Удинезе, прв на листата за заминување е нашиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски. Тој во Удине пристигна од Палермо со големи очекувања, кои за многумина не се целосно исполнети. Со истечен договор и очигледна мала желба за продолжување на соработката од страна на клубот, Несторовски е на излезна врата од Удинезе.

ПретходноМилан верува во чуда и во Леао, Интер го знае рецептот за градскиот ривал
СледноОд утре на Матка: ЕП во кајак спуст на дива вода