Милан верува во чуда и во Леао, Интер го знае рецептот за градскиот ривал

142

По поразот од 2:0 на првиот меч на домашен терен, Милан вечерва на истиот стадион, но сега како гостин против Интер ќе се обиде да направи целосен пресврт на патот до финалето на Лигата на шампионите на УЕФА. Како последните фази од Лигата на шампионите да не беа веќе доволно возбудливи, италијанскиот дуел вечерва очекуваме да понуди уште еден спектакл. За Милан првиот меч помина по речиси најлошото можно сценарио. Освен што загуби, прими два гола како никогаш досега во ЛШ. Експресно брзо по што веќе не успеа да се врати во мечот.

Интер можеби и ќе биде сигурен дека ќе ја заврши работата во реваншот, затоа што го победи Милан трипати оваа сезона во три различни натпреварувања (Серија А, Суперкуп на Италија и Лигата на шампионите). Доколку победат вечерва, тоа ќе биде само вторпат да ги победуваат своите локални ривали четирипати во една сезона, претходно тоа го направија во 1973/74 година во Серија А (двапати) и Купот на Италија (двапати).

Избраниците на Стефано Пиоли ги победија „нероаѕурите“ со 3-2 во септември, па ги загубија последните три средби оттогаш без да постигнат гол. Милан никогаш во својата историја не одиграл четири натпревари по ред без да ја погодат мрежата на Интер, но нивната форма во моментов е навистина лоша. Интер е фаворит за победа на натпреварот и само чудо може да го однесе Милан во Истанбул.

Добрата вест за Пиоли е враќањето на Леао, но дали и колку тој сам ќе може да промени нешто, останува да се види вечерва.

МОЖНИ СОСТАВИ:

ИНТЕР: Онана; Дармијан, Ачерби, Бастони; Дамфрис, Барела, Чалханоглу, Мхитарјан, Димарко; Мартинез, Џеко

МИЛАН: Мањан; Калабрија, Томори, Тиао, Хернандез; Тонали, Круниќ; Дијаз, Леао, Салемакерс; Жиру

ПретходноТоти: Можам да го убедам Мурињо да остане во Рома
СледноИталијанците децидни: Несторовски заминува од Удинезе ова лето