Француската министерка за спорт Амели Удеа-Кастера повика на санкции против фудбалерите кои одбија да учествуваат во натпреварите во француските фудбалски првенства изминатиот викенд поради отворената поддрша кон ЛГБТ заедницата.
„Мислам дека клубовите треба да водат дијалог со своите играчи и да применат санкции“, изјавила Удеа-Кастера за весникот „Ле Паризиен“.
Минатиот викенд натпреварите од првата и втората лига на францускиот шампионат беа посветени на акции за поддршка на ЛГБТ заедницата. Од играчите се бараше да играат во дресови со броеви и имиња испечатени во бои на виножитото.
Петмина фудбалери, дефанзивецот на Гингамп, Донасијен Гомис, како и фудбалерите на Тулуз, Мароканецот Закарија Абуклал, Французите Муса Дијара, Фарес Чаиби и Логан Коста, како и Босанецот Саид Хамулиќ, одбија да учествуваат на натпреварите поради ЛГБТ настанот.