Партизан како домаќин изненадувачки загуби од Дерби со 84-83 во првото четвртфинале во АБА-лига. Избраниците на Жељко Обрадовиќ во последните шест минути имаше позитива од шест поени, но во последната минута противникот успеа да дојде до минимално водство кое на крајот остана за голема победа и водство од 1-0 во серијата.
„Да, 0-1 е за нив, му честитам на Дерби, во најавата реков дека секогаш добро се подготвуваат против нас. Ние влеговме лежерно и благодарение на тоа загубивме. Неверојатно е што во последните пет минути беше 11-4 за нив, кога се „крешеше“ мечот и со искуството кое го имаме, тоа е невозможно. Примивме се, но ете се случи. Водат со 1-0, не чека меч на гостински терен, на нас е да ја вратиме серијата во Белград“, рече Обрадовиќ по мечот.
Тој го коментираше и фактот дека Партизан имаше 20 скока помалку од противникот.
„Немаме друго објаснување освен големата желба, јас треба да одам да ги прашам дали го познаваат играчите индивидуално. Дали го подготвивме мечот? Да, им дадовме податоци..Ќе направиме целосна анализа, па ќе видиме“.