Горан Пандев е едно од имињата на Интер кое со златни букви е испишано во исторјата на клубот. Поранешниот македонски репрезентативец за италијанските медиуми говореше пред денешниот реванш меѓу Интер и Милан во рамките на полуфиналето во Лигата на шампиони.
Пандев се врати на дуелот пред Барселона, но исто така потенцира дека овој Интер и тогашниот во 2010 година се различни.
„Последните две вечери пред Барселона не спиев. Но, по 5 минути, штом започна натпреварот, се изгледаше нормално. Има многу искусни луѓе во Интер, физички се добро, но мора да го заборават првиот натпревар. Мислам дека можат да се пласираат во финале. Овој Интер е силен, но нашиот дефинитивно имаше луѓе како Ето кои победуваат самостојно. Овој Интер и тој од 2010 година се различни“, рече Пандев, кој се надева дека Интер ќе се пласира во финале, а потоа дека ќе го подигне пехарот во ЛШ.
Тој искоментира и за Симеоне Инзаги со кого играше во Лацио.
„Симоне е променет, минавме пет години во Лацио, тој знае како е да се пати, имаше потешкотии, но со финалето мислам дека ќе направи извонредна работа. На крај се надевам и дека ќе ја освои европската титула, Интер такво нешто заслужува“.