Пиоли: Интер заслужено оди во финалето

898

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го прифати поразот од Интер. „Росонерите“ загубија и во вториот полуфинален дуел со Интер, овојпат со 1:0 и со вкупни 3:0 се елиминирани. Пиоли кажа дека ривалот заслужено патува во финалето.

Имавме голема желба да ги свртиме работите но тоа не беше доволно. Искрено, играчите дадоа се од себе, меѓутоа противникот беше подобар. Интер заслужено патува во финалето. Ние дуелот го загубивме во првите 15 минути на првиот меч. Вечерва игравме добро, имавме шанси можевме да го промениме натпреварот и штета што не го направивме тоа“, изјави Пиоли за „Скај спортс“.

Влеговме во ова натпреварување како шампиони, тешко е да кажам дека ова е неуспешна сезона. Се обидовме да бидеме конкурентни во две натпреварувања, нормално е да сме разочарани по елиминацијата во полуфиналето исто како што жалиме за шампионската титула. Мораме добро да ја завршиме сезоната и не ни требаат негативности во финишот (да се излезе во ЛШ идната сезона). Базата на тимот е добра и може да се надоградува“, додаде тренерот на Милан.

ПретходноДимитријевиќ: Ова беше прекрасна сезона за мене и моето семејство!
СледноТрипл-дабл на Јокиќ и старт со победа на Денвер во финалето на Западот (ВИДЕО)