Проблем за Денвер: Џамал Мареј не игра на првиот меч со Лејкерс?

201

Една од ѕвездите на финалистот во плеј-офот од Западната конференција Денвер, Џамал Мареј, по се изгледа нема да се појави на паркетот за вечерашниот прв меч од финалната серија со ЛА Лејкерс.

Според информациите објавени вечерва, Мареј е болен и најверојатно нема да биде во можност да се појави на паркетот. Иако се појавија гласини дека станува збор за Ковид-19, сепак од клубот ја демантираа информацијата.

Пред шестиот натпревар од полуфиналето на серијата со Феникс беше објавено дека Мареј е болен и дека е неизвесен за натпреварот. Сепак, тој се појави на теренот и за 35 минути постигна 26 поени.

ПретходноХрватите некомплетни почнаа со подготовки за Златната лига и дуелите со Македонија
СледноЛШ-СТАРТНИ СОСТАВИ: Џеко и Лаутаро во нападот на Интер, Леао е адутот на Пиоли