Хоџсон ќе остане на чело на Кристал Палас и следната година

101

Привремениот менаџер на тимот на Кристал Палас, Рој Хоџсон е многу блиску до продолжување на престојот во клубот за уште една сезона, пренесува печатот на Островот. Искусниот стратег, кој ќе наполни 76 години во август, беше повикан да ги спаси „Орлите“ на десет натпревари во финишот на сезоната кога тие сè уште беа меѓу загрозените тимови од испаѓање, а Патрик Виеира беше отпуштен.

Откако го стори тоа, и Кристал Палас обезбеди опстанок, управата смета дека токму тој треба да остане на чело на екипата. Ова е негов втор мандат во Палас откако во 2021 година веќе еднаш го водеше Премиерлигашот.

 

ПретходноБОГАТА ПОНУДА НА ЕДИНСТВЕНАТА ЛЕГАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ИГРИ НА СРЕЌА- 2WIN.MK
СледноНухиу и Даја кандидати за клупата на Шкендија