Језиво, навивачите на Барса за време на прославата скандираа: Винисиус, умри (ВИДЕО)

533

Минатиот викенд Барселона стана шампион на Шпанија по 27-ми пат во својата историја и првпат по четири години. Каталонците математички ја потврдија титула со победата на гости од 4:2 во градското дерби кај Еспањол на четири кола пред крајот на Ла Лига. Второпласираниот Реал заостанува со недостижни 14 бода.

Навивачите на Барселона веднаш по потврдувањето на титулата излегоа на улиците и почнаа да слават. Во текот на вчерашниот ден низ улиците на Барселона се движеше автобус со машката и женската екипа на Барселона, а околу него се собраа навивачите да ги пречекаат своите херои и да ги поздрават со песни и аплаузи.

Во еден момент, на една од локациите каде се славеше титулата, почна да се скандира за Винисиус Јуниор, крилниот напаѓач на Реал, моментално најдобриот играч на најголемиот ривал на Барса. Навивачите на Барселона скандираа „Винисиус, умри“, а видеото набрзо стана вирално на Твитер поради бројот на луѓе кои го осудија овој чин.

ПретходноПандев: Овој Интер е силен, но многу поразличен од 2010 година!
СледноАдеми: Среќен сум за бодовите – тоа секогаш е најважно!