ЕХФ потврди: Македонија и Франција ќе го отворат ЕП 2024 на фудбалски стадион

218

Европската ракометна федерација го потврди распоредот за претстојното Европско првенство 2024.

Нашите ракометари се најдоа во групата А заедно со Франција, Германија и Швајцарија.

Првиот меч, Кирил Лазаров и неговите избраници првиот меч го играат на “Меркур шпил” арена во Дизелдорф, на кој Германија, домаќинот на ЕП планира да го урне рекордот на посетеност на еден натпревар, се очекува да бидат присутни 50.000 навивачи.

Македонија и Франција први ќе истрчаат мечот се игра на 10 јануари во 18 часот. Ќе следи пауза од четири дена, на 14 јануари следи мечот со Германија, два дена подоцна е дуелот со Швајцарија.

Само првите две репрезентации од групите одат во главната рунда.

ПретходноТолку од Брдаровски, Данфа, Гаги, Абдула на Чаир….
СледноВардар му одговори на Пелистер: Жалбите за лошото судење се само изговор за немоќ!