Откако и дефинитивно Ќатип Османи повеќе не е тренер на екипата на Шкендија, нормално е јавноста да почне да шпекулира со неговиот потенцијален наследник.
Шкендија долго време се мачи да најде константен шеф на стручен штаб и уште почесто Ќатип Османи го „гасел пожарот“ по евентуалниот нечив отказ.
Сега, ситуацијата е поинаква, и се бара токму неговиот наследник. Имиња има доста, но оние кои денеска се кристализираат како јасериозни кандидати се Ардијан Нухиу, односно Илир Даја.
Првиот е добро познат на македонката јавност како екс играч на Шкендија, а како тренер ги водеше Шкупи односно Дрита Гњилане.
Од друга страна пак, Даја е дел од тимот на Балкани, во Косово, и беше веќе еднаш поврзуван со Шкендија, кога тетовци беа во иста ситуација неодамна, кога бараа тренер.
Тогаш двете страни не се договорија, па искусниот стратег не пристигна во Тетово. Во следните неколку дена се очекува конечна одлука на оваа тема.