Страхиња Симиќ, најдобриот ракометар на Тиквеш и во следните три сезони ќе го носи дресот на Тиквеш 2014. Тој во Кавадарци дојде од АСОБАЛ лигата, три години е лидер во редовите на овој тим.
„Ова е 3та сезона носејќи го дресот на ГРК ТИКВЕШ 2014 со одиграни 79 првенствени натпревари, постигнати 389 погодоци, повеќе пати прогласуван за најдобар среден бек во Супер машката лига, повеќе пати прогласуван за играч на колото, најдобар стрелец во натпреварувачката сезона 2021/2022 година.
Оваа сезона Страхиња Симиќ гордо ја носи капитенската трака на своето рамо, за прв пат во историјата на клубот, странец кој има ТИКВЕШКО срце и кавадаречки менталитет, лидерски дух, фанатик во ракометот и вистински предводник на својата генерација“, велат од Тиквеш 2014.
Симиќ на дуелот со Вардар во сабота ќе го одигра 80 јубилеен меч во дресот на Тиквеш.